ЈКП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА”- ПРИЛЕП ЈА ДОВЕДУВА ПРИ КРАЈ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНИТЕ ЛИНИИ НА ТРИ УЛИЦИ

ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп интензивно работи на реконструкција на старите водоводни мрежи на повеќе локации, со цел да се обезбеди чиста и технички исправна вода за пиење а со тоа подобар живот на граѓаните во град Прилеп. Обезбедувањето на чиста и технички исправна вода за граѓаните е должност на секоја одговорна локална власт и на Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација – Прилеп.

Реконструкцијата на водоводната мрежа е при крај на улиците Благоја Крстески, Добре Иваноски и Прохор Пчински.

На улица Благоја Крстески старата водоводна мрежа беше со големина од 1 цол, во должина од 173 метри а истата е заменета со нова линија Ф63 полиетиленска и на истата на граѓаните им се дадени 24 приклучоци.
На улица Добре Иваноски постоечката линија е замената со нова полиетиленска цевка со дијаметар Ф63 и се дадени 17 куќни приклучоци.
На улица Прохор Пчински старата линија со дијаметар Ф50 ацц и должина од 160 м заменета е со нова линија и тоа Ф90 полиетиленска и се дадени 16 куќни приклучоци.
Со овие три реконструкции се опфатени околку 250 метри водоводна мрежа и на околу 50 домаќинства се ослободија од старите дотраени азбестни цевки и на стотина жители им е подобрен кавалитетот на пивката вода.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …