Јован Митрески: Крвавиот четврток е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволиме никогаш да се повтори

Јован Митрески: Крвавиот четврток е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволиме никогаш да се повтори

Прес-конференција на Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Пет години после 27 април сите ние имаме обврска пред граѓаните на оваа земја, пред сите оние кои го преживеаа тој крвав ден и пред идните генерации да не дозволиме никогаш повеќе да се повтори.

А нема да се повтори само ако сите политички субјекти во земјава, не само декларативно, туку суштински, се обединат зад демократските и слободарски вредности.

27 април 2017 е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија и македонското општество.

За да спречат промена на власта и почитување на изборната волја на граѓаните, вооружени насилници поттикнати и злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието во обид да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби.

Наместо храм на демократијата Собранието го претворија во бојно поле.

Заради лични и партиски интереси на тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за спас од криминалот и за спас на режимот, државата на тој 27 април беше доведена на работ на амбисот, пред граѓанска војна.

Крвавиот четврток е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, а во оваа партија ниту по пет години нема никаква промена.

Ниту еднаш за овие пет години не видовме никакво извинување, никакво каење од Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Напротив, лицата кои се осудени за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“ ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски иако не се тие ги нарекуваат уставобранители, правејќи лажен обид да ја исперат нечистата совест пред нив и нивните семејства.

Почитувани граѓани,

Пет години подоцна од држава на раб на граѓанска војна, денес сме демократска држава членка на НАТО, пријател и сојузник со соседите и демократскиот свет.

СДСМ и парламентарното мнозинство, никогаш нема да дозволи да се заборави 27 април.

Заедно со граѓаните нема да дозволиме никогаш да се повтори ваков срамен и трагичен настан во македонската демократија.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …