Јованоски: 11.Октомври е симбол на стремежот за слобода на сите граѓани на нашата земја

Јованоски: 11.Октомври е симбол на стремежот за слобода на сите граѓани на нашата земја

Со импровизираниот напад на градот, стилизираната реконструкција на случувањата од пред 78 години и богатиот огномет, Прилеп го одбележа Денот на народното востание, 11.Октомври.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека во предвечерието на големиот национален празник, граѓаните на Прилеп им оддаваат почит на борците, на хероите кои што ги положија своите животи на браникот на слободата.

Јованоски: 11.Октомври е симбол на стремежот за слобода на сите граѓани на нашата земја„На овој ден пред 78 години, во Прилеп одекнаа слободарските пушки и востаничките истрели. Храбрите партизани ја започнаа борбата за социјална правда и слобода, испишувајќи го овој светол датум во историјата, вграден во македонската државотворност. 11.Октомври е симбол на непокорот, пркосот, храброста, гордоста и достоинството, стремежот за слобода не само на прилепчани, туку на сите граѓани на нашата земја. Затоа и денеска се сеќаваме на делото на хероите, им оддаваме почит и се поклонуваме пред нивната жртва. Животите на 15 народни херои и 650 борци од Прилеп се вградени во денешната слобода, затоа и нашиот град го носи епитетот Град Херој – Првоборец“, изјави Јованоски.

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека денешните генерации ја продолжуваат современата битка за економски развој, социјална еднаквост, квалитетно образование, за создавање оптимални услови за развој на секоја сфера во општеството.

Јованоски: 11.Октомври е симбол на стремежот за слобода на сите граѓани на нашата земја„Секоја успешна реформа, европски спроведен закон, секоја инвестиција и нови работни места, еднаквост, толеранција, дијалог, заеднички успех и достигнување, секоја заложба во градењето на вистински европски вредности, водат на патот на ЕУ и на создавање безбедна, стабилна и економски силна држава“, нагласи градоначалникот Јованоски.

Во рамки на програмата на централната манифестација која се одвиваше пред меморијалниот музеј „11.Октомври“, односно Участакот, граѓаните на Прилеп и околните населени места и гостите од другите градови, го проследија музичкиот перформанс на Dance Studio од Куманово, настапите на The Dramers, MDaveiro и IM-X, како и на DJ Haris и Robbie Ray Ledrobot.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …