Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители:
Почитувани сограѓани,
Со денешното празнување го одбележуваме 24 Мај, Денот на сесловенските просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, поради кои овој ден се одбележува и како Ден на словенската писменост и култура.
Браќата Кирил и Методиј преку својата просветителска дејност дале особен придонес во описменувањето и културниот развој не само на македонскиот, туку и на сите други словенски народи.
Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи, е само дел од придобивките со кои нé задолжија да ги негуваме нашите историја, култура и традиција.
Нека ни е честит и вековит Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.