Јованоски: Дарувајќи крв, граѓаните на општина Прилеп покажаа висок степен на свест, солидарност и хуманост

Јованоски: Дарувајќи крв, граѓаните на општина Прилеп покажаа висок степен на свест, солидарност и хуманост

На иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, денеска во просториите на Општина Прилеп се одржа крводарителска акција. Акцијата наиде на голем одзив кај граѓаните на Прилеп, заради што градоначалникот Јованоски упати благодарност до своите сограѓани за покажаната хуманост и солидарност.

„Она што сакам да го истакнам, е дека одзивот на граѓаните за акцијата е голем, заради што им ја искажувам мојата благодарност за високиот степен на покажана свест, солидарност и хуманост. Дарувањето крв е секогаш добра идеја, дури и во актуелни услови на пандемија на КОВИД-19, од причина што има болни на кои нашата крв им е неопходна и кои не можат и не смеат да го чекаат крајот на пандемијата. Притоа, во насока на заштита на здравјето на граѓаните кои денеска даруваа од скапоцената течност, како и заштита на здравјето на медицинските лица, во текот на реализацијата на крводарителската акција беа преземени сите безбедносни мерки, според протоколите за заштита од коронавирусот“, изјави Јованоски на денешната прес конференција.

Што се однесува до состојбата со коронавирусот, градоначалникот истакна дека според информациите од Центарот за јавно здравје – Прилеп, досега се извршени 642 тестирања. Од нив, 159 биле позитивни на коронавирус, додека вкупниот број на излекувани лица изнесува 68.

„На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 13 лица позитивни на коронавирус. Еден од нив е на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се наоѓаат 236 граѓани. Во текот на продолжениот првомајски викенд, забележани се 6 нарушувања на полицискиот час. И покрај трендот на намалување Јованоски: Дарувајќи крв, граѓаните на општина Прилеп покажаа висок степен на свест, солидарност и хуманостна пандемијата, Општина Прилеп и понатаму ќе ги презема сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје и здравјето на нашите сограѓани. Истовремено, упатуваме уште еден апел до граѓаните, целосно да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство за справување со КОВИД-19“, истакна Јованоски.

Јованоски напомена дека во насока на заштита на здравјето на граѓаните од целата територија на општината, во изминатите два дена Општина Прилеп спроведе акција за дезинфекција на населените места, при што со земјоделска механизација на месното население, дезинфицирани беа улиците во петнаесетина населени места, меѓу кои и Мажучиште, Галичани, Кадино село, Мало и Големо Коњари, Беровци, Алинци и други.

По повод 117 годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев и 108 години од смртта на Пере Тошев, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, положија цвеќе на нивните спомен обележја.

Градоначалникот Јованоски потсети и на 40 годишнината од смртта на Јосип Броз Тито, претседател на поранешна Југославија, на чие дело исто така му беше оддадена почит.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …