Јованоски: Градскиот стадион, затворениот базен и детската градинка во Прилеп ги реализира СДСМ, на прав пат сме

Јованоски: Градскиот стадион, затворениот базен и детската градинка во Прилеп ги реализира СДСМ, на прав пат сме

Заробена и задолжена општина беше состојбата во  која ја затекнав општина Прилеп, со моето доаѓање на функција како градоначалник – истакна Илија Јовановски, градоначалникот на Прилеп на граѓанската трибината „На Прав Пат“ во организација на  СДСМ.
12 години ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Марјан Ристески им продаваа на граѓаните лажен патриотизам и популизам. Но, граѓаните ги препознаа лагите и затоа им рекоа „не“ на ВМРО-ДПМНЕ. –истакна Јованоски.
Тој потенцираше дека 12 години, проекти биле само ветувани, а ништо не се сработило. Како лажното ветување дека Прилеп ќе биде европски град, а при тоа не бил направен ниту еден детален урбанистички план,а сега само последнава година направени се  4 урбанистички планови и во моментов се работи на планови за 30 села во оваа општина.-истакна Јовановски.
За 12 години немаше ниту еден капитален проект, а во мојата предизборна програма имаше 12 проекти и сите ќе бидат направени за мандатот од 4 години.-истакна Јовановски .
Единствен капитален проект кој го започна минатата локална власт е училиштето кое што е позиционирано  на место без пристапен пат, без одвод и довод на вода, без потребната инфраструктура ,на ливада, целосно несоодветно за училиште -посочи Јовановски.
Тој додаде дека за цел еден мандат Марјан Ристески асфалтирал само 8 километри улици, а локалната власт од СДСМ за само две години асфалтираше  24 километри улици во градот, а до крајот на оваа градежна сезона ќе се довршат уште 20 улици.
Шест години минатата власт го правеше градскиот стадион, два пати сечеа ленти  и не го направија. Една година потрошивме на средување на проектната документација и поправање на гршките во статика во самиот проект.До крајот на оваа градежна сезона стадионот ќе биде пуштен во употреба.-потенцираше Јовановски.
Како дел од проектите на кои работеше и сеуште работи локалната власт во Прилеп, градоначалникот Јовановски ги истакна  дневниот центар за детска парализа, новите автобуси на метан,новиот мост на градската река широк 20 метри со 4 ленти, комплетно преуреден просторот на Марковите кули,а готов е и проектот за езерото околу кое комплетно е уредено со мултикултурни содржини кое ќе се гради следната година.
Општина Прилеп неуморно работи и на уште големи проекти планирани за периодот кој следува, како булеварот  од вредност од 1 милион евра, реновирање на градската чаршија, затворен базен и детска градинка и  театарот во Прилеп.
За разлика од порано, оваа власт предводена од СДСМ  стои на зборот и го  исполнува ветеното.  Прилеп е на прав пат, државата ни е на прав пат!

Прочитајте повеќе

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Според сегашната директорка на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен …