Јованоски: Одбележувајќи го празникот, им оддаваме почит на оние кои ги положија своите животи во борбата за национална и социјална слобода

Честитка од градоначалникот Илија Јованоски, по повод Денот на независноста 8.Септември:

Локалната самоуправа на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, на сите граѓани на општина Прилеп и на Република Северна Македонија им го честитаат празникот 8.Септември, Денот на независноста.

Продолжувајќи ја традицијата на мир, меѓусебно разбирање, толеранција и соживот, сплотени заедно да го прославиме Денот на независноста на нашата татковина. Да им оддадеме почит на сите наши борци и херои, кои силно верувајќи во вековната идеја за самостојна и независна држава, ги положија своите животи во борбата за национална и социјална слобода.

Го исполнуваме аманетот на нашите предци, посветено градиме стабилна, безбедна и просперитетна држава. Денес сигурно чекориме по патот на Евроатланските интеграции. Со брзото и успешно завршување на преговорите, докажавме дека сме решени и можеме да ја исполниме стратешката цел, да станеме полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз, НАТО Алијансата. Подготвено и посветно работиме на реформите да станеме дел од семејството на европските развиени и демократски држави.

Вложувањето денес, е вложување во иднината која им припаѓа на идните генерации млади луѓе.

Нека е честит 8.Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија!

Прочитајте повеќе

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Таа напиша дека „пари од нечесник не сака“ и поради тоа се откажува од паричниот …