Јованоски: Охрабрува бројот на излекувани пациенти, да не се злоупотребуваат олабавените мерки за време на првомајските празници

Јованоски: Охрабрува бројот на излекувани пациенти, да не се злоупотребуваат олабавените мерки за време на првомајските празници

После седницата на Општинскиот кризен штаб, на која се дискутираше за актуелната состојба со вирусот КОВИД-19 во општина Прилеп, како и за мерките кои ќе се преземат во претстојниот продолжен викенд, градоначалникот Илија Јованоски одржа прес конференција.

Градоначалникот ги сублимираше мерките и активностите кои Општината ги презеде изминатите денови во насока на справување со пандемијата, а информираше и за пристигнатата донација од 32.000 заштитни маски од Министерството за здравство и донацијата од 200 скафандери пристигнати од збратимениот град Дејанг, Народна Република Кина.

После спроведената дезинфекција на улиците и зградите во градот, за време на претстојниот викенд ќе бидат дезинфицирани населените места во општина Прилеп, а во понеделник, на иницијатива на градоначалникот, ќе биде организирана крводарителска акција.

„Во склоп на целокупната ситуација со Ковид-19, во понеделник на 4-ти мај, на моја иницијатива, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во просториите на Општина Прилеп ќе биде организирана крводарителска акција. Во таа насока, би сакал да потенцирам дека Јованоски: Охрабрува бројот на излекувани пациенти, да не се злоупотребуваат олабавените мерки за време на првомајските празницидоброволното дарување на крв е секогаш добра идеја, дури и во услови на пандемија. Има болни на кои нашата крв им е неопходна и кои не можат и не смеат да чекаат да помине пандемијата“, истакна градоначалникот Јованоски.
Што се однесува до актуелната состојба со коронавирусот во општина Прилеп, градоначалникот потенцираше дека она што во целата ситуација охрабрува, е што секојдневно расте бројот на излекувани пациенти.
„Денеска има 4 нови случаи на наши сограѓани заразени со коронавирусот, со што вкупната бројка на инфицирани достигна 147. За жал, вчера на Клиниката за инфективни болести двајца наши сограѓани ја изгубија борбата со коронавирусот. Во оваа прилика, сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на починатите. Меѓутоа, она што охрабрува во целата оваа ситуација, е секојдневното зголемување на бројот на излекувани пациенти од КОВИД-19. Денеска имаме 10 такви случаи, со што вкупниот број на излекувани граѓани изнесува 41. Во самоизолација се наоѓаат 228 лица, а во изминатото деноноќие забележани се две нарушувања на полицискиот час. На Инфективното одделение во прилепската болница хоспитализирани се 18 пациенти, од кои 15 се позитивни на КОВИД-19 а тројца се наоѓаат на одделот за изолација“, изјави Јованоски.
Јованоски: Охрабрува бројот на излекувани пациенти, да не се злоупотребуваат олабавените мерки за време на првомајските празнициПред почетокот на продолжениот првомајски викенд, градоначалникот упати апел до граѓаните да не ги злоупотребуваат олабавените мерки од страна на Владата и да нема масовни собирања на отворен и затворен простор.
„Апелирам, во текот на претстојниот продолжен првомајски викенд, да нема масовно собирање и групирање на граѓаните на затворен и отворен простор, односно по викендиците и излетничките места во општината. Олабавените мерки од Владата да не се злоупотребуваат, а граѓаните да ги искористат за индивидуални прошетки, затоа што опасноста од коронавирусот сеуште постои. Одговорниот пристап на граѓаните и посветеноста на институциите, дадоа видливи резултати во справувањето со коронавирусот. Во таа насока, да продолжиме со таквото одговорно и совесно однесување и да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски“, порача Јованоски.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски истакна дека во знак на солидарност и хуманост, ќе прима минимална плата од 14.500 денари, а останатиот дел ќе го уплати на сметката на Фондот за бoрба против КОВИД-19.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …