Општина Прилеп продолжува со реализација на Програмата за инфраструктурно
уредување на градот и населените места. Градоначалникот Илија Јованоски
денеска изврши увид во градежните работи на улиците „Јоска Јорданоски“ и
„Февруарски поход“, каде се во тек завршните работи пред почетокот на нивно
рехабилитирање, односно асфалтирање.
Градоначалникот потсети дека во изминатите денови беа асфалтирани улиците„Кеј 1.Мај“, „Кеј 9.Септември“, „Бранко Секулоски“, како и улицата „Александар
Македонски“ во должина од 1.200 метра.
„Следните денови продолжуваме со асфалтирање на десетина улици. Следниот
месец ќе се прави Програмата за асфалтирање на улиците за следната година.
Уште еднаш ќе истакнам дека во 2019 година, во Прилеп ќе нема неасфалтирана
улица. Освен во градот, почнавме со реконструкција и тампонирање на улиците во
руралните средини. Тампонирани се улици во населените места Мало и Големо
Коњари, Кадино Село, Мажучиште, Галичани, Беровци и Ново Лагово. После
завршување на улиците во градот, ќе почнеме со асфалтирање на улиците во
населените места. Тврдам дека целосно ќе биде реализирана Програмата и за
оваа, и за следната година“, истакна градоначалникот Јованоски.
Покрај асфалтирањето, во Прилеп се тампонирани повеќе улици со вкупна
површина од над 8.000 квадратни метри, додека во населените места е поставен
тампон на површина поголема од 27.000 квадратни метри.