Јованоски: Со соживот заснован врз демократски начела чекориме кон развиено демократско општество

Јованоски: Со соживот заснован врз демократски начела чекориме кон развиено демократско општество

Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод Меѓународниот ден на Ромите:

На сите мои сограѓани Роми, на сите граѓани Роми во Република Македонија им го честитам Меѓународниот ден на Ромите. Само со соживот заснован врз демократски начела,со остварување на елементарните човекови права, со искрени заложби во борбата против дискриминацијата, стереотипите и предрасудите ќе чекориме напред кон едно развиено демократско општество, кое што се стреми да биде дел од европското семејство.

Моја и заложба на Општина Прилеп е ромската заедница во градот, да ја подобрува секојдневно својата позиција во општествено-политичкиот, економски, социјален и културен живот на градот.

Подобри услови за живот на моите сограѓани Роми, ветив и во мојата предизборна програма. А, искрените заложби се рефлектираат и во преземените конкретни акции во населбата „Тризла“, поточно „Три багреми“ на повеќе полиња: тампонирање на пат, организиран превоз за учениците, градежни зафати со ЕВН за зајакнување на електро-мрежата, низа активности за отстранување на дефектите во водоводната мрежа … Сите овие мерки, треба да го подобрат видливо квалитетот на животот на нашите сограѓани Роми.

Имаме одлична соработка која што ќе јакне со сите идни мерки што ќе бидат имплементирани чекор по чекор.

Прочитајте повеќе

До сега 51 загинат и 100 повредени во Кочани – пожарот настанал од пиротехничките средства на концертот

До сега 51 загинат и 100 повредени во Кочани – пожарот настанал од пиротехничките средства на концертот

„Веќе имаме приведено лице во врска со настанот. Во овој случај ќе се утврди точна …