Јованоски: Сојузот на борци од нашиот град и следната година ќе ја има поддршката на Општина Прилеп

Јованоски: Сојузот на борци од нашиот град и следната година ќе ја има поддршката на Општина Прилеп

На покана на општинскиот Сојуз на борци, а по повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, денеска остварија средба со раководството на прилепската боречка организација. Првиот човек на Сојузот на борци од Прилеп, Круме Соколоски, рече дека здружението може да се пофали со позитивни резултати во своето работење, како и со одличната соработка со локалната самоуправа и со Здружението на пензионери.

Потенцирајќи ја благодарноста од сите членови на прилепскиот Сојуз на борци, Соколоски посебно ја нагласи помошта која во своето функционирање ја имаат од Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски.

„Со особена гордост ја истакнувам соработката која локалната самоуправа ја има со ова здружение. Навистина е задоволство да се биде во ваше друштво, особено што Сојузот на борци од нашиот град важи за најактивното здружение во државата. Ја користам приликата да ви ги честитам Новогодишните и Божикните празници, да ви посакам добро здравје и да ве уверам дека и следната година ќе ја имате поддршката на Општина Прилеп“, истакна во своето обраќање градоначалникот Илија Јованоски.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …