Јованоски во посета на Варош: Со надеж дека наскоро пандемијата ќе биде минато, нека е честит празникот Голем Петок – Балаклија

Денеска се слави христијанскиот празник Голем Петок – Балаклија, празникот кој се чествува на првиот петок после Велигден и кој е домашна слава на многу семејства во најстарата прилепска населба Варош.

По тој повод, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски денеска го посети манастирот „Св.Архангел Михаил“ во населбата Варош, каде граѓаните согласно традициите, но и со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, го чествуваа денешниот христијански празник, познат и како „Излечив Петок“.

Со надеж дека пандемијата наскоро ќе биде минато и дека без ограничувања, согласно долгогодишните обичаи ќе продолжиме да ги славиме празниците, градоначалникот Јованоски им ја честиташе славата на варошани, посакувајќи им добро здравје, радост и благосостојба.

Инаку, во пресрет на празникот Голем Петок, со поставување нов слој на асфалт, во должина од 240 метра, беше реконструиран патот до манастирот „Св.Архангел Михаил“, со што значително се подобри неговата пристапност.

Прочитајте повеќе

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Таа напиша дека „пари од нечесник не сака“ и поради тоа се откажува од паричниот …