Јованоски: Во рамки на Проектот „ENABLE“, Прилеп ќе добие стратешки план за долгорочно урбанистичко планирање и одржлив развој

Спроведените активности во рамки на Проектот „ENABLE”, чиј фокус е насочен кон развој на концепт за одржливи градови, а кој е финансиран од Европската програма Еразмус+, денеска беа презентирани пред засегнатите страни во општина Прилеп.

Градот Прилеп е поставен како студија на случај на наставната програма која ќе се спроведува во рамките на постојната програма во магистерските студии на три Европски универзитети од градовите Виена, Скопје и Реџо ди Калабрија. Во тој вмрежен наставен план, студентите од трите Универзитети ќе предложат стратегии за развој на градот од кои, понатаму ќе се формираат стратешки насоки за урбан развој на Прилеп.

Синтезата на индивидуалните концепти за одржлив град, во форма на проектни предлози за градот Прилеп, ќе биде презентирани на меѓународна конференција која ќе се одржи во Прилеп, во месец август 2021 година, а ќе бидат артикулирани во хипотетички стратешки План, во форма на публикација.

„Многу ми е драго што Прилеп, е можеби првиот, или единствениот град во нашата држава каде што се спробедува ваков проект. Горд сум на ова што заедно го започнавме, а не можам да не го спомнам и идејниот творец на оваа соработка, професорот од Американ Колеџ, Хари Локвенец. Мојата идеја беше да го направиме за Прилеп она што за Скопје го направи Кензо Танге. Уште од самото мое доаѓање како градоначалник, мојата намера е да се изработи урбанистичко и плосторно планирање за градот, кое ќе важи за наредните 50 години. Без разлика кој е градоначалник, или која политичка провиненција е на власт, да имаме град со стратешки урбанистички решенија, со сообраќајници, со еколошки решенија и се’ друго што е потребно. Сакам да се заблагодарам на сите учесници во проектот, Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје, Институт за просторно планирање при Технички Универзитет Виена и Катедра за Архитектура и Територија на Универзитетот Медитеранеа од Реџо ди Калабрија од Италија и, секако како поддршка на сето ова за практична успешност, благодарност до Институтот за животна средина, екологија и градежништво – ИЕГЕ Скопје и Фондацијата за партнерство во животната средина од Брно, Чешка. Токму вие, ќе го направите она што на Прилеп вистински му треба, а тоа е целосно урбанистчко и плосторно планирање на градот. Фокусот кон животната средина и ресурсите со кои располага нашиот град, потребите на стопанските капацитети, спортските, културните и уметнички традиции кои ги негуваме, убеден сум дека бидат вградени во вашите студии, кои на крајот ќе бидат синтетизирани и на меѓународната конференција во месец август идната година, сите заедно ќе се радуваме на она што ќе биде направено“, потенцираше градоначалникот Илија Јованоски во своето обраќање пред присутните.

Директорот на Институтот за животна средина, екологија и градежништво – ИЕГЕ Скопје, проф. д-р Ангелина Танева Вешоска, истакна дека гледано низ историска призма, градот Прилеп е стратешки значајно место за нашата држава, а денес е центар со развиени индустрии – металопреработувачка, електронска, дрвна, текстилна, прехранбена, мермерна.

„Веруваме дека од Прилеп навистина можат да се извлечат лекции за она што го има како искуство од минатото, а заедно, висзионерски гледано со фокус кон иднината, ќе продолжиме и заеднички ќе ги поставиме основите во поглед на гадење на одржливост. Кога зборуваме за одржливи градови, кои се резултат на одржлив и интегриран урбан развиток, предвид имаме повеќе аспекти, и тоа: паметно урбанистичко планирање, одржлив јавен градски превоз, квалитетно и достапно домување, квалитетни јавни услуги, чисти воздух, вода и зелени површини, достапни работни места, почитување и негување на минатото. Предвидувањата на светско ниво се дека околу 70 до 80 отсто од популацијата во светот, ќе живее во урбани средини до 2050 година. Токму затоа, паметното урбано планирање и стратегиите за развој, се од клучно значење за правилно управување со ресурсите, кои ни се на располагање, а се навистина ограничени “, нагласи Танева.
На денешниот настан, свои излагања имаа Павел Вељаноски и Максим Димитриески од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје, како и Ана Томоќ од Институтот за животна средина, екологија и градежништво – ИЕГЕ Скопје, кои направија вовед во проектот, презнтираа алатки за создавање база на податоци за трансформација на архивата во оперативно знаење и анкета за анализа на потребите и предизвиците на засегнатите страни во одржливите градови.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …