Јованоски: Во соработка со Советот, донесовме одлуки со кои го сменивме ликот на градот и на општината

Јованоски: Во соработка со Советот, донесовме одлуки со кои го сменивме ликот на градот и на општината

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа редовната 62 седница, со 15 прашања на дневниот ред.

Советниците донесоа одлука за ставање вон сила на Одлуката за прифаќање на донација на Општина Прилеп, а го изгласаа и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп за период од 01.07.2021 година до 30.09.2021 година.

Членовите на општинскиот Совет дадоа согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во прва година во учебната 2021/2022 година во средните училишта и на Одлуката за бројот на деца кои ќе бидат згрижени во воспитните групи за деца, во ЈОУДГ „Наша иднина“.

На денешната седница советниците дадоа „зелено светло“ за Годишните планови за вработување во дел од јавните претпријатија, јавни општински установи и основни и средни училишта.

Заблагодарувајќи им се за соработката во изминатите 4 години, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека без разлика што за многу прашања постоеја различни видувања, сепак во изминатите 4 години заедно беа донесени голем број на одлуки и решенија, кои беа од значење за граѓаните на нашата општина.

„Она што пред крајот на 4-годишниот мандат можам да го кажам, е дека реализиравме голем број на проекти со кои, во вистинска смисла на зборот, го сменивме ликот на градот и на општината. На сите членови на општинскиот Совет им благодарам за соработката и им посакувам успех во понатамошниот живот, како на приватен, така и на професионален план“, рече градоначалникот Јованоски.

Прочитајте повеќе

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година ќе почне на седницата која е закажана за 10 …