Јованоски: Водиме подеднаква грижа како за жителите на градот, така и на населените места

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, денеска остварија средба со жителите на с.Мало Коњари, со кои разговараа за реализираните и тековните проекти во ова населено место.

„Општина Прилеп и јас како градоначалник, водиме подеднаква грижа за жителите не само на градот, туку и на населените места, за подобрување на условите за живот и стандардот на сите граѓани. Како потврда на кажаното, ќе потсетам дека Општина Прилеп навремено и неселективно исплати 6 милиони денари за штетите од невремето кое во 2018 и 2019 година ги зафати Мало и Големо Коњари, Канатларци и населбата Варош. За истата намена, за ублажување на штетите од невремето, од буџетот на државата беа издвоени 39 милиони денари. Истовремено, со годинешната градежна офанзива која Општина Прилеп ја реализираше во градот и населените места, овде, во Мало Коњари беа асфалтирани улици во должина од 1.200 метра. Но најважно од се’ е изградбата на секундарната канализациона мрежа, која жителите на ова населено место ќе ја имаат до крајот на годината. Општина Прилеп со проект аплицираше во Министерството за транспорт и врски, при што со средства од Светска банка во висина од 9 милиони денари, ќе се направат 204 приклучоци за жителите на ова населено место“, изјави градоначалникот Јованоски.

Јованоски нагласи дека тековно се работи на подобрување на уличното осветлување во Мало Коњари, а полека почнуваат и подготовките за следната градежна сезона, кога согласно барањата на месната заедница, ќе бидат реализирани барањата на жителите на населеното место.

Роберт Костоски, претседател на МЗ Мало Коњари, ја истакна одличната соработка и огромната поддршка која жителите на населеното место ја имаат од локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски. Тој истакна дека до локалната самоуправа и до Советот на општина Прилеп биле испратени барања за асфалтирање на улици и изградба на канализациона мрежа, што на задоволство на жителите на Мало Коњари, било прифатено.

„Благодарение на локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски, во текот на јули и август ќе биде изградена секундарната канализациона мрежа. Локалната самоуправа се отповика на нашето барање и асфалтираше улици во должина од 1.200 метра, а подобрувањето на уличното осветлување се одвива континуирано“, потенцираше Костоски.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …