Јованоски: Вредностите кои ги промовираа браќата Кирил и Методиј, актуелни се и после повеќе од 11 векови

Јованоски: Вредностите кои ги промовираа браќата Кирил и Методиј, актуелни се и после повеќе од 11 векови

Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, по повод Денот на словенските просветители, Св. Кирил и Методиј:

Почитувани граѓани,

Ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Со своето дело, браќата Кирил и Методиј им го отворија патот на словенските народи кон описменувањето, а нивната визија и вредностите кои што ги промовираа, актуелни се и релевантни и после повеќе од 11 векови.

Со својата работа, Кирил и Методиј го надградија културниот и духовниот развој на многу народи и покажаа дека само просветениот човек може да биде вистинољубив и праведен.

Соочени со пандемијата од Ковид-19, а со цел да го сочуваме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски, годинава Денот на сесловенските просветители го одбележуваме поразлично од претходните години. Тоа во ништо нема да го намали значењето на денешниот ден, туку само ќе ја зацврсти нашата вера и нашата решеност да истраеме на патот на градење сигурна иднина за сегашните и идни генерации наши сограѓани.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …