Енергетска криза повеќе нема, ама сеуште има висока инфлација. Властите велат дека растот на цените е предизвикан од растот на платите и пензиите. Како вие гледате на оваа економска логика?
Растот на цените може да биде предизвикан од растот на платите само ако е тоа од платите на функционерите, од нивните плати коишто си ги зголемија 70% и ништо после тоа не направија, додека останатите сите гладуваа. Зошто? Затоа што оваа инфлација што ја имаме сега потекнува од две причини. Едното е што фирмите прават што сакаат, односно ги креваат цените до небо, затоа што им се може, а другата е што политичарите им дозволуваат да го прават тоа.
Ако ги гледаме факторите коишто ја движат инфлацијата, глобалните цени на храната моментално се на ниво од пред пет години. Нашите цени на храната се 50% поскапи од што беа пред пет години. Значи не може да се глобалните цени, не може тие да се факторот за инфлацијата. А платите, кај нас сè уште се и покрај целиот раст што го имаат, сè уште се само една третина од платите во Европската Унија. Цените кај нас се две третини, односно 70% повеќе од цените во Европската Унија.
Значи не може ни платите да се двигателот. Единственото што останува се профитите на фирмите. Профитите на фирмите во Македонија, ако погледнете колкав дел се тие од националниот доход, тие се околу 60%. Во Европската Унија профитите на фирмите се 40%.
Значи причината зошто кај нас цените растат последниве неколку години, единствената е само тоа што, профитите на фирмите пораснаа енормно, односно фирмите може да прават што сакаат, правеа што сакаат со цените, ги креваат до небо, а тоа го правеа затоа што Владата тоа им го дозволуваше.
Зошто Владата тоа им го дозволуваше? Јас на почетокот мислев дека Владата не и е гајле за цените. Си викаат „океј нека растат цените не ни е гајле“. После мислев дека не знаат што, како, треба да се справи со инфлацијата.
Сега искрено мислам дека Владата намерно ја пушта инфлацијата затоа што таа им врши корисна функција, им го полни буџетот.
Знаете криза, па треба да се исплаќаат, да се покачуваат пензии, избори, ова-она. Инфлацијата е добра затоа што таа важи и за данокот, скриен данок, растат цените на производите, расте ДДВ-то, приходите од ДДВ во буџетот и Владата има пари за трошење.
Второ, јавниот долг, сите оние милијарди што ги зема, онаа милијарда што ја зема од Унгарците, оние 5 милијарди што ги најавија од Британците коишто не се земени се уште, но сепак стојат таму на хартија. Како ќе се враќаат тие пари?
Па, со инфлација, ќе имате повисока инфлација, таа ќе го намали јавниот долг. Наместо да имате долг, не знам од 70% од БДП, затоа што фиктивно ќе ви порасне БДП поради инфлацијата.
Вие ќе имате повторно долг од 60%, со тоа ќе имате дека долгот стагнира и покрај тоа што се задолжи милијарда.
Така што апсолутно сега мислам дека Владата намерно ја пушта оваа инфлација затоа што им врши корисна функција, а од друга страна имаат на некој начин добар изговор, а затоа што викаа,т не сме ние криви, виновни се трговците, тие ги креваат цените, идете вршете бојкоти.
Протестирајте против нив, па граѓаните револтот го насочуваат против фирмите. На фирмите пак, тоа не им смета затоа што нивните профити растат. Така што мислам дека ова е само еден лош театар за којшто цената на крај за жал ќе ја плаќаат ќе ја платат граѓаните. Но, ако можам да се навратам на вашето прашање, единствената плата којашто може да е виновник за оваа инфлација е платата на функционерите.
Пред девет месеци отпочна една истрага за картелско здружување на четири маркети но без правен епилог досега. Како треба да се контролираат високите профити на компаниите во пазарна економија?
Македонија, па и целиот регион последниве неколку години правеше секакви експерименти за контрола на цени. Имавме замрзнување на цени, имавме ограничување на маржи, имавме секакви други мерки, разни мерки.
Она што се покажа без никаква дилема е дека најефикасна мерка за ограничување на цените, на растот на цените е замрзнување на цените. Кога вие ќе кажете лебот не смее да иде повеќе од 30 денари, а од друга страна викате дека мора исто така фирмите да доставуваат леб како што се направи тоа пред една година, или некој кој било друг производ кога ќе кажете цената мора да биде толку и толку фирмите тоа мора да го почитуваат.
Проблемот со онаа друга мерка со маржите е дека таа тешко се контролира. Ќе кажете маржата не смее да биде повеќе од 10% ама вие не знаете колкава е маржата на еден производ.
Дури инспектор кога ќе отиде во контрола, во инспекција на некоја фирма, тој не знае колкава е маржата на некој производ. Тој треба да зема фактури, па да види која е влезна фактура, па кои се сите трошоци и тогаш да пресметаат маржа.
Тоа е многу комплицирано и затоа мерката со маржи е неефикасна, не дава ефект, ама мерката со замрзнување на цени апсолутно е ефикасна и тоа значи најдобар пример е она што се случи оваа година.
Владата ги замрзна цените во февруари оваа година не знам со сигурност колку производи беа, а и ограничи маржи, ама и замрзна цени на некои производи, и имавме околу два ипол месеца од средина на февруари до мај замрзнати цени. Тогаш инфлацијата се стабилизираше.
Тогаш инфлацијата падна на околу 3%, можеби под 3% да падна. После тоа ја укинаа мерката под изговор дека не била ефикасна, немал ефект и цените скокнаа.
Значи ако ја следиме ние динамиката на оваа моментална инфлација во Македонија или цените, не мора да збориме за инфлации, за цените на граѓаните ако земете било кој производ, почнаа тие да растат од јуни оваа година откако владата ја укинува мерката за замрзнување на цени.
Така што апсолутно искуството и на Македонија и на регионот па и во поширок европски контекст покажува дека најефикасна мерка за ограничување на раст на цени, односно за спречување на инфлација, краткорочна мерка е замрзнување на цените.
Јас мислам дека Владата тоа го знае. Мислам дека владата намерно реши да ги одмрзне цените во мај, затоа што виде дека таа мерка ефикасна и виде дека тоа не им одговара на фирмите, виде дека и на нив самите не им одговара затоа што приходите малку им се намалија.
Апсолутно мислам дека владата знае што се случува и знае која е најефикасна мерка, но не сака, просто кажано не сака да да ги ограничи цените затоа што им одговараат цените.
Извор: РСЕ
Целиот текст ТУКА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место