Борче Јовчески

СДСМ Прилеп: Бегањето од прилепчани и давањето отчет од „Белата палата“, значи дека Јовчески го признава сопствениот неуспех

Прес-конференција на Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ – Прилеп

Наместо пред прилепчани, отчетот за своето тригодишно (не)работење градоначалникот Борче Јовчески го даде од Скопје, од партиските простории во арамиската „Бела палата“.

За еден градоначалник не постои поголемо признание за сопствениот неуспех од бегањето од сопствениот град, од бегањето од своите сограѓани.

Рекле, од страв се бега, ама од срам – не.

Борче Јовчески може да ги лаже скопјани, може да ги лаже и жителите од другите општини, ама не и прилепчани.

Може Јовчески да се кити со туѓи перја и туѓите проекти да ги прикажува како свои. Може неколкуте асфалтирани уличиња да ги мери во квадратни милиметри.

Може да продолжи да сее магла, но ништо не може да ја смени вистината која неговите и наши сограѓани гласно ја говорат – дека Борче Јовчески е најлошиот градоначалник во историјата на Прилеп! Единствениот кој од својата изборна програма не успеал да реализира буквално ниту еден единствен проект.

Резултатите од тригодишното владеење на Јовчески и ДПМНЕ се видливи со голо око: и после 3 години градинката во Точила е надвор од употреба, спортско-рекреативниот центар кај вештачкото езеро пропаѓа, населените места се пустат, градот се празни.

Јовчески и ДПМНЕ ги поскапеа водата, комуналните услуги, данокот на имот, градскиот превоз, паркингот.

И покрај потрошените над 60 милиони евра улиците се со дупки како кратери, градот е валкан и потонат во темница, јавните комунални претпријатија доведени пред банкрот, дивото градење доживува процут, кучињата скитници демнат зад секој агол.

Ова е прилепската сурова реалност како резултат на нестручното, недомаќинско и волунтаристичко владеење на Јовчески и ДПМНЕ.

Меѓутоа, после целата оваа тригодишна катастрофа која му се случува на Прилеп, има и една добра вест, а таа е дека Борче Јовчески ја започна последната година од својот мандат.

Било, да не се повтори!

Прочитајте повеќе

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Во повеќе градови во Србија во неделата беше одржан 15-минутен молк за 15-те жртви од …