Јовески

Јовески за бТВ: Шпекулација е дека во автобусот имало гориво во туби

Како шпекулации, во разговор за бугарската телевизија бТВ, Главниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги отфрли како шпекулација наводите дека во автобусот на „Беса транс“ имало гориво во пластични туби.

Тој додаде дека македонското обвинителство зема ДНК примероци од роднини на загинатите за да се идентификуваат жртвите во несреќата, а потоа резултатите ќе бидат предадени на бугарските власти.

Преживеаните досега не биле официјално испитувани од македонското обвинителство и се користат записите на софиските обвинители.

Јовески за бТВ вели дека целосно верува во професионализам на бугарските колеги, а објасни и дека се отпуштени двајца цариници што на „Деве Баир“ дозволиле автобусот да излезе од државата без потребните документи. Ќе биде казнет и нивниот раководител.

Главниот обвинител на С. Македонија вели и дека бугарските власти проверуваат дали во автобусот имало туби со гориво. Тој рече дека на местото на инцидентот видел пластични туби, но тие не биле изгорени и како шпекулација ги отфрли тврдењата дека пожарот настанал поради запалување на тубите.

„Нема да водиме паралелна истрага, истрага води бугарското обвинителство – а ние ќе соработуваме. Ќе ги почекаме резутлатите и тогаш Обвинителството на Северна Македонија ќе реши како ќе постапува понатаму“, вели Јовески за бТВ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …