Јубилеј: Економскиот факултет во Прилеп одбележа 60 години од своето постоење

Јубилеј: Економскиот факултет во Прилеп одбележа 60 години од своето постоење

Највисоката образовна институција во општина Прилеп, Економскиот факултет, денеска одбележа редок јубилеј – 60 години од своето постоење.

На свеченоста која по тој повод ја организираше Факултетот, пред присутните се обрати градоначалникот Илија Јованоски, кој истакна дека, како наследник и продолжувач на богатата традиција на Вишата и Високата економска школа, својата афирмација Економскиот факултет ја темели врз актуелните економски концепции, застапени во наставните планови и програми.

Јубилеј: Економскиот факултет во Прилеп одбележа 60 години од своето постоење„Шест децении, вработените на Економскиот факултет во Прилеп максимално се посветени на создавање, акумулирање и примена на знаења, се’ во насока на што подобра подготовка на студентите за креирање вредности кои се од важност за претпријатијата, економијата и, генерално, заедницата. Факт е дека Прилеп и Економскиот факултет паметат и подобри времиња. Времиња во кои амфитеатрите и предавалните во Факултетот беа преполни со студенти, кога градот беше ‘Македонија во мало’, исполнет со студенти од сите краишта на нашата земја. За жал, Прилеп и Економскиот факултет го платија данокот на грешните политики во образованието и неоправданото отворање факултети во секое населено место. Се надевам и верувам дека работите полека ќе си дојдат на своето место, дека нашиот град и овој Факултет повторно ќе бидат главниот фокус и првиот избор на идните економисти од целата држава“, потенцираше градоначалникот Јованоски.

Јованоски рече дека можноста за профилирање кадри кои можат лесно да се етаблираат на пазарот на трудот, разновидноста на студиските програми како и квалитетниот наставен кадар, се силен адут кој во иднина ќе придонесе се’ поголем број на млади луѓе своето образование да го продолжат на Економскиот факултет во Прилеп.

„Во оваа прилика ќе го искористам присуството на претставниците на бизнис секторот, за да апелирам до нив на остварување уште подобра соработка со Економскиот факултет. Кога го велам ова, пред се’ мислам на давање шанса, односно вработување на најдобрите студенти во реалниот сектор. Тоа ќе претставува одличен мотив за секој студент, но и препорака за Факултетот“, им порача градоначалникот Јованоски на претставниците на бизнис заедницата.

Деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, напомена дека од своето основање до денес, Факултетот поминува низ процес на перманентен институционалнен подем, што опфаќа значајни трансформациски активности и дека во тој процес се реализира континуирано унапредување на квалитетот на наставно-образовниот процес, во согласност со потребите на националниот економски и општествен развој.

Јубилеј: Економскиот факултет во Прилеп одбележа 60 години од своето постоење„Шестдецениското успешно функционирање на Факултетот, претставува потврда за неговиот институционален капацитет да едуцира и профилира кадровски потенцијал согласно развојните потреби на земјата и конкурентските предизвици на глобалното окружување. Затоа, со потполно право заслужуваме да бидеме горди на нашите постигнувања и на бројките што во оваа прилика заслужуваат да ги споменеме. На Економскиот факултет во Прилеп во изминатиот шестдецениски период дипломираа 7.385 студенти, магистрираа 448 студенти и докторираа 87 студенти. Сите тие претставуваат носители на развојот на нашата земја, на регионот и пошироко“, рече проф. д-р Оџаклиеска.

Проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, во своето обраќање потенцираше дека Економскиот факултет е најстарата високообразовна институција во состав на битолскиот Универзитет.

„Станува збор за еден од пионерите во високообразовната едукација во областа на економските науки, со завидна репутација во академските

Јубилеј: Економскиот факултет во Прилеп одбележа 60 години од своето постоење

и стручните кругови во земјата и пошироко. Факултет кој претставувал и сеуште претставува своевидна авангарда, генератор на знаења, вештини и позитивни општествено-економски процеси, несебично давајќи го својот придонес во развојот и негувањето на научната мисла, преку интензивнота образовна, но и истражувачка работа. Преку градење соработка со бизнис секторот и стопанството, локалните власти и опкружувањето, воопшто“, напомена проф. д-р Коруновски.

На свечениот чин во чест на 60-годишнината од основањето а Економскиот факултет во Прилеп, присуствуваа поголем број проректори, декани на единиците на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола, поранешниот ректор на овој Универзитет, Димко Кокароски, актуелни професори и студенти, пратеникот во Собранието, Миле Талевски, претставници на бизнис заедницата и други гости.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …