Кабинетот на Грковска и ДКСК на заедничка работилница: Имаме заедничка цел - градење на одговорни и отчетни институции

Кабинетот на Грковска и ДКСК на заедничка работилница: Имаме заедничка цел – градење на одговорни и отчетни институции

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и нејзиниот тим и членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и нивниот тим, предводени од претседателката Билјана Ивановска, денеска и утре учествуваат на заедничка работилница чија цел е споделување на искуства и подобрување на соработката меѓу двете институции.

На работилницата, која се одржува под покровителство на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, свои презентации за работата одржаа заменик-претседателката на Владата Славица Грковска, како и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска. И Грковска и Ивановска образложија дека меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции кои треба да им служат на граѓаните.

Предавачи на работилницата се Сузане Хедин, консултант за комуникации, Лена Андерсон, лидер на компонента на ЕУ – Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата, Крис Хеншо, консултант на ЦЕП/УСАИД.

Учесниците, во текот на работилницата, имаат можност да слушнат искуства и да споделат мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.

Целта на работилницата е да се зајакне соработката меѓу Кабинетот задолжен за политики за добро владеење и Државната комисија за спречување на корупцијата, имајќи предвид дека двете институции имаат исти заложби, односно да се направат позитивни промени-корупцијата да се превенира, но и да се креираат долгорочни одржливи системски решенија.

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …