Кабинетот на Пендаровски ја демантира изјавата на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во целост ја демантира изјавата на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи искажана во емисијата „Клик Плус” на ТВ21.

Претседателот Стево Пендаровски, ниту пред, ниту непосредно по изборите, имал било каква директна или индиректна комуникација со тогашниот поглавар на ИВЗ, од што јасно произлегува дека наводите искажани од страна на Реџепи се целосно измислени.

Претседателот Пендаровски е избран на легитимен и легален начин, на фер и демократски избори, што е потврдено во сите извештаи на ОБСЕ/ОДИХР.

Сметаме дека ваквите изјави од страна на Сулејман Реџепи се крајно несериозни и недолични, имајќи ја предвид неговата поранешна улога во Исламската верска заедница.

Прочитајте повеќе

Новиот електронски дневник во училиштата најрано во второто полугодие

Откако ќе бидат исполнети сите услови предвидени во процесот на тестирање и по миграцијата на …