Каде нишани ДУИ: во зелената агенда или во зелените бизниси?

Каде нишани ДУИ: во зелената агенда или во зелените бизниси?

Во мојата младост, реките беа толку чисти што ние ја пиевме таа проточна вода. Денес тие реки се толку загадени што претставуваат ризик по здравјето и животната средина. Денес гледам напуштени планини, диви депонии во секоја населба и не секогаш поради институциите, но и поради нас. Сите ние заедно имаме одговорности за местото каде што живееме, сите дишеме ист воздух, сите пиеме иста вода, сите нас не грее истото сонце, сите ние се храниме од оваа земја. Затоа, започнуваме нова политика, нов начин на водење политика и директно дејствување, надвор од етничките права, развојот и интеграцијата – политика за еколошка правда, квалитет на живот…

Вака лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на 19-иот роденден на партијата и Светскиот ден на животната средина – 5 јуни, најави дека партијата ја прифаќа зелената агенда како дел од Европскиот зелен договор и ја додава на нејзините програмски столбови како еден приоритет.

Реките и воздухот не се загадени од денес, ниту од вчера или звчера. Дивите депонии со години растат пред очите на надлежните, се девастираат заштитени подрачја, во експанзија е дивата сеча на шуми и на трската крај Охридско Езеро заради профити и градежни зафати. Можело ли и порано нешто да се стори?

Неџати Јакупи (2008-2011), Абдулаким Адеми (2011-2014), Нурхан Изаири (2014-2016), Башким Амети (2016-2017), Садула Дураки (2017-2019) и Насер Нуредини (од 2019 и актуелен министер во втор мандат) се имињата на министрите предложени од ДУИ, кои во последната деценија и пол раководеа со Министерството за животна средина и просторно планирање. Секој од нив веројатно се обидел нешто да направи во сферата на надлежност, а за тоа колку успеале – говори фактот дека до денес најфреквентните теми во општеството се – загадувањето и девастирањето на животната средина. Дали „зазеленувањето” на ДУИ ќе помогне во обидот да се стигне до пристојни резултати? Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека ова е добро обмислен план кој може да води токму во таа насока.

„Не е случајно акцентирањето на зелената агенда. Таа е една од главните теми што се врти во општеството, но освен во ДОМ, таа тема досега не беше доминантна кај другите партии. Според истражувања, најголем интерес за оваа тема има кај младите, покрај интересот за борба против корупција и за владеење на правната држава. ДУИ го следи овој интерес. Се докажа дека таа партија не носи емотивни одлуки, туку ги темели на истражувања, и колку и нам да ни се чинело дека нешто е претерано, тие секогаш стигнувале до резултати како што планирале. Со ова, тие ќе го одвлечат и вниманието од темите што ќе ги третираат нивните политички опоненти“, вели Муслиу.

Уверен е дека ДУИ пристапот кон зелената агенда наскоро ќе го докаже со многу планови во таа насока.

Текстот во целост можете да го прочитате на веб сајтот на DW.

Прочитајте повеќе

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Реална потреба или празниците и распустот ги натераа административците да се повлекуваат од членството во …