Како до општествена поддршка на социјалната економија? – Меѓународна конференција во Крушево

Како до општествена поддршка на социјалната економија? – Меѓународна конференција во Крушево

Примарната цел на овој настан, според организаторите, е поврзување и вмрежување на чинители важни за социјалното претприемништво од регионите Западен Балкан и Вишеград, за зајакнување на мрежата на социјални претпријатија во овие региони и поттикнување на иновативни решенија за одржлив развој

Од денеска до недела, 10 ноември, Младинскиот сојуз во Крушево ќе биде домаќин на Меѓународната конференција „Екосистем на социјално претприемништво: како до општествена поддршка на социјалната економија?“.

Примарната цел на овој настан, според организаторите, е поврзување и вмрежување на чинители важни за социјалното претприемништво од регионите Западен Балкан и Вишеград, за зајакнување на мрежата на социјални претпријатија во овие региони и поттикнување на иновативни решенија за одржлив развој.

Конференцијата ќе вклучи 68 претставници на мрежи, граѓански организации и социјални претприемачи од 10 земји – Северна Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словачка, Чешка, Унгарија и Полска, кои преку низа на интерактивни сесии и активности ќе разменуваат искуства, експертиза, знаења и идеи за градење на посилен екосистем на социјално претприемништво.

„Дали средината овозможува поддршка за социјално претприемништво? Какво значење имаат пристапот до финансии и човечкиот капитал при основањето на социјални претпријатија? И колку е важна соработката помеѓу државните институции, граѓанскиот сектор и заедницата на претприемачи, за развој на социјалната економија во државата и регионот? – се само дел од прашањата кои ќе бидат одговорени за време на овој тридневен настан“, велат од Младинскиот сојуз Крушево.

Прочитајте повеќе

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Петер Маѓар, победникот на унгарските избори и новиот премиер на земјата, го повика Виктор Орбан …