Западниот брег на Норвешка кој го одзема здивот од убавина, обликуван е од глечери, а некои од фјордовите се простираат на должина од 200 километри. Актуелната ситуација е таква, што секој што сака да премине преку овој дел, мора да патува 21 час, да смени 7 траекти и да помине 1.100 километри.

Поради тоа, но и поради емисијата на штетни гасови, норвешката влада одлучила да го реализира најголемиот инфраструктурен проект во историјата на оваа земја, автопатот „Е 39“. Тој ќе минува од Кристијанстанд на југот на земјата, до северниот Трондхајм и со изградбата на нови мостови и тунели под Фјордовите и под нивото на морето, на многу подобар начин ќе го поврзува регионот. Поради комплексноста на теренот, проектот вклучува дури и изградба на пловечки подводни тунели, а проекто ќе чини околу 43 милијарди евра.