Какви се’ фактури потпишувал поранешниот директор на прилепскиот Здравствен дом, Петар Ристески?

Какви се’ фактури потпишувал поранешниот директор на прилепскиот Здравствен дом, Петар Ристески?

„Трагите од недомаќинското и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, можат да се најдат во сите институции со кои раководеле нивните кадри. Една од нив е и Здравствениот дом, на чие чело повеќе години се наоѓаше сегашниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески. Она што Ристески и неговата наследничка го оставија на заминување од раководната функција, беше долгот од 12 милиони денари заради што на вратата на оваа здравствена институција во повеќе наврати тропаа извршителите. Доказ за недомаќинското работење на Ристески е и потрошената сума од 742.000 денари, за реновирање на два тоалета во нашата административна зграда во Тутунскиот Комбинат, што пак го отвора прашањето каде завршиле овие пари?“, истакна на средбата со новинарите Оливера Аџиоска, директорка на ЈЗУ Здравствен дом Прилеп.

Аџиоска рече дека Ристески бил љубител на гоштевања по кафеани, за што сведочат бројните фактури од ресторани како и трошоците за репрезентација, кои во 2015 година достигнале 260.000 денари. Покрај во прилепските, се јадело и пиело и во ресторани во други градови. На пример во Делчево, при што за еден ручек се трошеле и по 13.000 денари.

Какви се’ фактури потпишувал поранешниот директор на прилепскиот Здравствен дом, Петар Ристески?„Во оваа прилика го прашувам екс директорот Ристески, зошто од бензинската пумпа од каде ги снабдуваме нашите возила со гориво, на име на Здравствениот дом пристигнувале сомнителни, некомлетни и фалсификувани фактури, при што едната со другата страна на фактурата не се совпаѓаат? Фактури без ничиј потпис, а впишаните регистарски таблички се коригирани и претставени како да се таблички на возила од Итната медицинска помош. Врв на безобразлукот е што поранешниот прв човек на оваа здравствена институција одобрувал сервисирање и поправка на приватните автомобили на неговите сопартијци и блиски соработници. Имено, потписот на Петар Ристески стои на фактура од 6.400 денари, за поправка на автомобил марка ‘Пежо 307“. Ако се знае дека ЈЗУ Здравствен дом никогаш не поседувал такво возило, тогаш се поставува прашањето кој е сопственикот на тој автомобил и зошто Ристески ја одобрил и потпишал фактурата?“, праша Аџиоска.

Директорката на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп, потенцираше дека за сето ова информирани биле и надлежните институции, кои треба да дадат одговори на многу прашања поврзани со финансиското работење на претходните раководството именувани од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …