Министерството за внатрешни работи до крајот на неделата ќе спроведува кампања за контрола и казнување на користењето на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при возење автомобил и учество во сообраќајот.
Во рамките на меѓународната кампања на ROADPOL „Фокусирај се на патот“, која истовремено се реализира во 34 европски држави, МВР апелира за намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.
„Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот“, велат од МВР.
Извор: МЕТА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место