Кандидатите за Претседател го потпишаа кодексот за фер и демократски избори

Кандидатите за Претседател го потпишаа кодексот за фер и демократски избори

Кандидатите за Претседател на државата, Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, го потпишаа кодексот за фер и демократски избори. На тој начин тројцата претенденти за претседателската функција се обврзаа на чесна, коректна и фер кампања во битката за добивање на гласови. Кампањата за изборите за Претседател на државата започнува утре и ќе трае до 19 април на полноќ, кога започнува изборниот молк.

Пендаровски изборната трка ќе ја започне од Прилеп, Силјановска од Охрид, а Река од Скопје..

Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Прочитајте повеќе

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

На лидерската средба кај премиерот Христијан Мицкоскибеше постигнат начелен договор техничката влада да се укине, со можен компромис …