Капетанот под истрага по бродоломот кај Северен Кипар

Капетанот под истрага по бродоломот кај Северен Кипар

По превртувањето на траект во близина на брегот на Северен Кипар, според спасувачките екипи, како исчезнати сè уште се водат речиси 20 лица. Во несреќата што се случи во неделата (30.08) загинаа најмалку осум лица. Бродот сега лежи на морското дно на длабочина од над 500 метри. Турските власти се надеваат дека ќе биде пронајден бродскиот уред за снимање податоци, кој би можел да даде одговор за точната причина и текот на несреќата. Според министерот за сообраќај на Северен Кипар, Ерхан Арикли, траектот поминал инспекциски преглед пред само околу два месеца.

Спасувачки тимови и нуркачи од Турција денеска трагаат по преживеани. Сепак, не е јасно дали во остатоците од бродот сè уште има заробени лица. Нуркачите проценуваат дека бројот на исчезнати изнесува 18 или 19 лица. Во траектот, на кој имало вкупно 267 лица, навлегла вода кратко по испловувањето од пристанишниот град Киренија, по што бродот се превртел.

Кипар Киренија 2026 | Хеликоптер спасува патник по несреќа со ферибот
Турските власти се надеваат дека ќе биде пронајден бродскиот уред за снимање податоци, кој би можел да даде одговор за точната причина и текот на несреќата

Преживеаните се држеле за трупот на бродот и биле спасени од бродови што минувале во близина, како и од крајбрежната стража. Траектот бил на пат кон турскиот пристанишен град Ташуџу. Во моментот на несреќата на бродот се наоѓале 259 патници и осум членови на екипажот.

Властите ги приведоа капетанот и членовите на екипажот на распит. Некои од спасените патници изнесоа сериозни обвинувања против екипажот. Според нивните тврдења, капетанот го напуштил бродот додека несреќата се развивала, а дел од околу 260-те патници изјавиле дека некои врати и излези за евакуација биле заклучени, изјави Арикли за турската државна новинска агенција Анадолија. Сите обвинувања ќе бидат темелно испитани, вети Арикли.

Покрај полициската истрага, ќе се спроведе и посебна истрага за несреќата. По нејзиното завршување, јавно ќе бидат објавени сите резултати поврзани со дозволата за работа на траектот, неговата пловна способност и безбедносните мерки на бродот.​

Извор: DW

Прочитајте повеќе

дронови Германија Украина

Започна производството на над 5.000 германско-украински дронови со голем дострел

Официјално започна производството на над пет илјади беспилотни летала со среден и долг дострел наменети …