Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите свои ветувања, се случува сериозно уназадување

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите свои ветувања, се случува сериозно уназадување

  • Во изманатите шест месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, освен сериозно потфрлање во сите нивни ветувања, ништо друго не гледаме. Покажуваат елементарна неспособност да ја водат државата и институциите ништо а има сериозни намери и тенденции, системот на владеењето на правото, безбедноста да се води единствено согласно партиските интереси, посочи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 телевизија.

Се случуваат голем број политики и процеси кои значат уназадување, истакна Каранфилова Пановска, додавајќи дека во собранието со предлог законот за јавни набавки се укинува контролата, тука е и сетот измени на закони за образованието, со кои се нарушува инклузивноста на образовниот процес, се спречува можноста од дискриманција, се ограничува начинот на средношколско здружување.

  • И трета работа, која поминува незабележана, а е многу потресна, е што во изминатите 6 месеци имаме 20 смртни случаи на бебиња и деца. Кога последен пат сте слушнале за вакви цифри?, нагласи Каранфилова Пановска.

Таа нагласи дека од клучно значење за едно демократско општество е почитување на поделбата на власта критикувајќи ги недемократските тенденции на премиерот.

  • Не може да се случува премиерот Мицкоски од собраниска говорница да се заканува на граѓаните, па да преземе улога и на јавен обвинител, улога на судија, улога на министер за внатрешни работи, рече Каранфилова Пановска.

Прочитајте повеќе

Репортажа од Норвешка: Еден билет за автобус, трамвај, метро, па дури и брод – како функционира јавниот превоз во Осло?

Репортажа од Норвешка: Еден билет за автобус, трамвај, метро, па дури и брод – како функционира јавниот превоз во Осло?

Во главниот град на Норвешка, Осло, со еден единствен билет можете да возите од автобус …