Каратистката Јованоска заврши деветта во натпреварувањето во кати на Олимпијадата во Токио

Каратистката Јованоска заврши деветта во натпреварувањето во кати на Олимпијадата во Токио

Каратистката Пулексенија Јованоска не успеа да ја помине првата фаза во натпреварот во кати на карате турнирот на Олимписките игри во Токио. Таа во своето деби на Олимпијадата заврши на деветтото место.

Јованоска рано изутринава настапи во првата квалификациска група и освои 23.80 поени во првото и 24 поени во второто коло, односно оствари просек од 23.90 поени, што не беше доволно за да се квалификува во следната рунда. Сепак, резултатот од второто коло е најдобриот остварен резултат на Јованоска досега.

Пулексенија Јованоска е прва македонска каратистка која настапува на Олимписките игри, а во Токио настапи со вајлд-карта.

Јовановска по борбата напиша дека е горда на себе и им се заблагодари на сите за поддршката што ѝ ја пружеле.

„Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи, повреди, неправди. Презадоволна од сѐ што дадов на татамите! Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на деветтата позиција. Горда на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години“, напиша Јованоска на својот Фејсбук профил.

Инаку, последен македонски претставник на Летните олимписки игри во Токио ќе биде борачот Магомедгаџи Нуров, кој утре настапува на турнирот во борење слободен стил.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Прилепскиот велосипедски клуб „Скај рајдерс бајк“ утре домаќин на Државното првенство во даунхил

Прилепскиот велосипедски клуб „Скај рајдерс бајк“ утре домаќин на Државното првенство во даунхил

Во организација на велосипедскиот клуб „Скај рајдерс бајк“ – Прилеп утре, недела 27.04.2025 година, на …