Кардиналот Пел осуден на шест години затвор

Кардиналот Пел осуден на шест години затвор

Џорџ Пел е највисоко рангиран католички свештеник некогаш осуден за сексуално злоставување на малолетници. Сега судот ја објави и казната за кардиналот- во пренос во живо.

Австралискиот кардинал Џорџ Пел, некогашен трет човек на Ватикан, денеска е осуден на затворска казна од шест години поради сексуално злоставување на две момчиња. 77-годишниот Пел е досега највисокиот претставник на католичката црква кој е прогласен за виновен за злоставување на малолетници. Тој би требало да мине најмалку три години и осум месеци во затвор пред да може да побара условно пуштање на слобода.

Кардиналот кој тврди дека е невин, најави жалба на пресудата со која во декември минатата година беше прогласен  за виновен за орално силување на 13-годишно момче и непристојно однесување со него и со неговиот 13-годишен другар на крајот на 90-те години од минатиот век, неколку месеци пред Пел да стане надбискуп на Мелбурн.

Пресудата беше објавена дури на крајот на февруари поради правни причини.

Насекаде во светот римокатоличката црква е погодена од бран педофилски скандали. Меѓутоа судијата во Мелбурн, Питер Кид, која денеска ја изрече казната за Пел, нагласи дека ова е судење на кардиналот, а не на институцијата и оти тој се казнува за неговите злодела, а не за пропустите на католичката црква. Џорџ Пел беше во кругот на најблиски советници на папата Франциско, но неодамна беше ослободен од задачите.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …