Каролин Левит поднесе оставка на функцијата портпарол

Каролин Левит поднесе оставка на функцијата портпарол

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, ја напушта својата функција. Таа ќе се повлече од должноста на крајот од месецот за да може да поминува повеќе време со своите деца и семејството, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Трут Соушл. Тој додаде дека ја разбира и ја почитува оваа одлука.

Дваесет и осумгодишната Левит беше најмладата личност што некогаш ја извршувала функцијата портпарол на Белата куќа. Во мај го роди своето второ дете, а во средината на јули се врати од породилно отсуство. Самата Левит изјави дека функцијата портпарол на Белата куќа не ѝ дозволува „да биде најдобрата мајка што моите две мали деца ја заслужуваат“. Таа сега сака да отвори ново поглавје во својот живот.

Оставката од функцијата портпарол доаѓа во време кога Трамп се бори со постојано опаѓање на рејтингот. Неговата Републиканска партија се соочува со закана од пораз на ноемвриските меѓуизбори.

Претседателот на овие случувања одговара со сè пожестоки обвинувања против Демократите – обвинувања што сега ги повтори и Левит: „Нашата земја се соочува со егзистенцијална закана од сè поекстремистичката Демократска партија која сака да уништи сè што ја дефинира Америка“, изјави таа по објавувањето на нејзината оставка. „Мојата борба влегува во нова фаза, но е далеку од завршена“.

Едно од најпрепознатливите лица на движењето МАГА

Портпаролката на Трамп беше едно од најпрепознатливите лица на движењето „Да ја направиме Америка повторно голема“ (МАГА) на претседателот и во повеќе наврати влегуваше во конфликти со претставници на медиумите. Таа и понатаму ќе биде еден од неговите најважни надворешни советници и влијателен глас во рамките на Републиканската партија, напиша Трамп. Тој не откри кој ќе ја наследи Левит на позицијата портпарол на Белата куќа.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

дронови Германија Украина

Започна производството на над 5.000 германско-украински дронови со голем дострел

Официјално започна производството на над пет илјади беспилотни летала со среден и долг дострел наменети …