Касами побарал од Заев министерско место за Беса

Движењето Беса предводено од Билал Касами во преговорите за влез во Владата на премиерот Зоран Заев побарало да предводи еден од министерските ресори, информираше денеска пратеникот Фадил Зендели

Тој рече дека на средбата што се одржала во понеделникот вечерта Касами и Заев зборувале за влез на ова крило на Беса во Владата. Тие на Заев му посочиле дека се заинтересирани да раководат со едно министерско место со ресор.

Неделава треба да следува нова средба на која, според него, треба да се разговара за ресорите и за евентуалните имиња.

Премиерот Заев за претстојната владина реконструкција вчера на прес-конференција информираше дека привршуваат разговорите со потенцијално новите владини партнери.

– Ако успееме да ги номинираме предлозите, телата на партиите ќе треба да донесат одлуки – подвлече премиерот Заев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …