Касарната „Мирче Ацев“ и прилепската Гимназија ја одбележаа 78-годишнината од загинувањето на нивниот патрон

Со полагање цвеќе пред бистата на Мирче Ацев, денеска касарната во Прилеп која го носи името на народниот херој, ја одбележа 78-годишнината од неговото загинување.

По тој повод, цвеќе пред бистата на Мирче Ацев положија градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, делегации на Советот на Општина Прилеп, касарната „Мирче Ацев“, Сојузот на борци од Прилеп и прилепската Гимназија.

Во чест на патронот, поздравно обраќање имаше командантот на касарната „Мирче Ацев“, потполковник Славчо Кузманоски.

Чествување по повод 78-годишнината од загинувањето на Мирче Ацев одржа и Гимназијата „Мирче Ацев“. Во присуство на поголем број на делегации, беше положено свежо цвеќе пред спомен бистите во дворот на училиштето и во Алејата на народните херои, во Паркот на револуцијата.

 

 

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …