Кастриот Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за доверба на владата

Кастриот Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за доверба на владата

Еден од пратениците на БЕСА, Кастриот Реџепи, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека нема да учествува на денешната седница на Собранието на која се гласа за доверба на владата. Главна причина, според објавата на Фејсбук, е тоа што тој верува во Евро-атланската интеграција на земјата, која во моментов нема потреба од политичка криза.

„Една од главните каузи за мене и за политичкиот субјект Движењето Беса на кое припаѓам, беше Евро-атланската интеграција на РСМ“, напиша Реџепи.

„Земајќи го превид политичкиот моментум по одложувањето на оставката на премиерот Зоран Заев, од почит кон процесите и силните сигнали од стратешките партнери САД и ЕУ кои комуницираа со мене преку високи дипломатски претставници, дека во месец декември постои голема шанса да имаме датум за почеток на преговорите со ЕУ, решив да не учествувам на парламентарната сесија на која требаше да се стави под прашање оваа витална национално и државна определба“, вели понатаму пратеникот на БЕСА.

Тој додава дека како одговорен политичар и пратеник, ја донел оваа тешка одлука, ставајќи го интересот на народот и на државата на прво место.

„Државата во овој важен период нема потреба од политичка криза и загазување во немирни води полни со непознаници“, заклучува Реџепи.

Инаку, на денешната седница која започна во 11 часот, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Левица, Алијанса за албанците, Алтернатива и БЕСА, најави дека имаат доволен број на пратеници (61) за да изгласаат недоверба на владата.

Движењето БЕСА е сè уште дел од коалицијата „Можеме“ на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, но по локалните избори се чинеше дека нивната врска е нарушена.

Со неодоаѓањето на Реџепи на собраниската седница, опозицијата има еден пратеник помалку и не може да оствари кворум на седницата. Претседателот на собранието Талат Џафери предводењето на седницата му го отстапи на потпретседателот Фадил Зендели, исто така од БЕСА. Во моментов трае пауза од еден час.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …