Казахстан: Патнички авион се урна во зграда, најмалку 15 загинати, 50 тешко повредени

Казахстан: Патнички авион се урна во зграда, најмалку 15 загинати, 50 тешко повредени

Патнички авион од типот “Фокер-100” се сруши непосредно по полетувањето во казахстанскиот град Алмати. Авионот на компанијата “Бек-Ер” почнал нагло да губи висина, пробил бетонски ѕид и удрил во мала станбена зграда.

Крајната дестинација на авионот била до најголемиот град на оваа земја Нур-Султан.

Авионот се срушил само 19 минути по полетувањето. Нема информации дали пилотот веднаш пријавил некаков проблем.

Загинати се најмалку 15 патници, а 60 се потешко повредени. Авионот имал 93 патника и 5 членови на екипажот.

Извор: ТВ 21

Прочитајте повеќе

Суд во САД ја отфрли тужбата против Харвард за антисемитизам

Суд во САД ја отфрли тужбата против Харвард за антисемитизам

Суд во Бостон ја отфрли тужбата на американската влада против Универзитетот Харвард поради обвинувања за …