Општина Крушево го избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески, со што е отпочната процедурата со која неговото вечно почивалиште конечно ќе добие достоинствен лик.
Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, кој бил единствениот пријавен на обавениот конкурс. Чаушевски е познат по неколку реализирани проекти во рамките на „Скопје 2014“, меѓу кои е и новата фасада на Владата.
За реализација на проектот, односно комплетно уредување на гробното место на Тоше ќе бидат потребни 150.000 евра, средства за кои Општина Крушево аплицирала до Министерството за култура.