ЌЕ ИМ ЈА ПРЕДАДЕМЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА БЕЗ БОРБА?

ЌЕ ИМ ЈА ПРЕДАДЕМЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА БЕЗ БОРБА?

Колумната не се препорачува за деца под 77 години

Неопходен е надзор на родител или старател

 

„Ако веќе историјата ни била маштеа, треба ли ние по секоја цена да се однесуваме како копилиња?“
Богомил Ѓузел

На сѐ уште владејачката ВМРО-ДПМНЕ мора да ѝ се оддаде признание за една работа: дека е принципиелна во својата непринципиелност!
Безброј пати го покажаа тоа во своето десетгодишно владеење и секоја нивна нова непринципиелност беше приказна сама по себе. Која, без оглед на тоа што станува збор за класична манипулација, заслужува почит од аспект дека успеваа да му ја „продадат“ на членството.

Бесмислено ќе беше да се очекува дека сега, на крајот на своето неславно владеење, партијата ќе смени нешто во својот ПИ-АР. Меѓутоа последниве денови нивната непринципиелност прераснува во ôд по танок мраз и играње на танка жица. Пропагандата добива една друга димензија која се заканува да распали огнови и да крене тензии. Меѓупартиски, меѓуетнички… меѓучовечки.
Кога ДИК ќе процени дека на одредени избирачки места во Општина Центар треба да се прегласува и трипати, тогаш ДПМНЕ ќе рече дека ја почитува донесената одлука и дека нема намера да се меша во работата на Комисијата. Затоа што во тој момент тоа им одговараше на портокаловите.

Нецели 4 години подоцна кога ДИК ќе закаже седница за разгледување на пристигнатите приговори, што е впрочем нејзина законска обврска, уште пред и да биде донесена одлуката, партијата на Фамилијата ќе рече дека „430.000 граѓани ќе биле гневни ако им се земела победата“!? Е па драги браќа и сестри, се надминавте себеси во вашата непринципиелност!
Како тоа може да ви биде одземено нешто кое го немате? Каде тоа пишува дека победата на изборите е ваша? Совршено ви е јасно дека првичните резултати на ДИК се неофицијални сѐ до моментот додека не завршат сите законски процедури, односно додека Комисијата и Управниот суд не ги прифатат или отфрлат поднесените приговори.

Носењето партиски послушници од внатрешноста на државата со цел „да ја одбранат победата“, освен што претставува најгрубо мешање во работата на ДИК во насока на сугерирање каква одлука треба да донесе, истовремено е и доведување во заблуда на вашите членови. Тоа е ново продолжение од сапуницата за „странски служби и домашни предавници кои сакаат да ја растурат нашата Македонија“. Кога сте толку загрижени за државата, зошто истото ова не го направивте и пред 4 години? Зошто и тогаш не ја „браневте“ Македонија од ДИК? Зарем тогаш помалку ја сакавте од сега?
Во часовите додека ДИК расправаше по приговорите, долу пред зградата беше донесена толпа која со својата националистичка реторика ја „палеа“ неколкумина портокалови квазипатриоти: Антонио „Тута Бугарин“ Милошоски, Илија Димовски „Халкидики“, Филип Петровски кој сменил повеќе партии и државни функции отколку чорапи, Стевчо Подржикоњ Јакимовски, Амди Бајрам…Сѐ патриот до патриот, кој од кој почесен.

Предупредувањата упатени до странски амбасадори, заканите со Ќосето, со немири и ликвидации, или прогласувањето „ноќ на долгите ножеви“, можат да придонесат за ескалирање на ситуацијата и за дестабилизација на државата. Фарсата наречена „владеење со народот во име на народот“ заврши. Маските паднаа. Царот е гол.
Вистината е една: сиот овој театар или циркус, како што самиот го нарече Влатко Ѓорчев, е во функција на заштита на злосторничкото здружување. И мене како и на поголемиот дел од граѓаните на оваа држава, совршено ми е јасно оти со ДПМНЕ и со Македонија управува психопат, човек кој е спремен да жртвува секого и сѐ, само за да ја спаси сопствената кожа. Ако Пиколомини го запалил Скопје, Грујо е спремен да ја запали Македонија. Без око да му трепне, без трунка грижа на совест.

Трагично е што луѓето без грам достоинство и личен идентитет дозволуваат да бидат третирани како аморфна маса, обични бројки и безгласни букви чие единствено „демократско“ право е да се согласуваат со мислењето на мафијашката банда. Сите апели за нивно освестување во интерес на иднината на државата и иднината на нивните деца, се покажаа како истрел во празно.
Оттаму, бесмислено е енергијата да се троши во тропање на отворена врата. Без разлика на исходот од целата оваа папазјанија, на СДСМ и на целата опозиција им останува одма и сега да седнат и да почнат да се спремаат за локалните избори. Со нова стратегија и храбри луѓе. Имајќи ги во предвид надлежностите на општините, локалните избори во буквална смисла на зборот се последната надеж за опстанокот на државата.

Во спротивно, во колективната меморија на нашите идни поколенија ќе останеме запаметени како нивни предци кои ниту знаеле, ниту пак имале храброст да се справат криминално здружение кому без борба му ја предале државата. Мене од таквата помисла ме фаќа срам. А вас???

Автор:

Чеге Вара                                     Прилеп, ебаго!…….(137) 

Прочитајте повеќе

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години Неопходен е надзор на родител или …