Ќе платиме 771.000 евра за превод на правото на ЕУ

Ќе платиме 771.000 евра за превод на правото на ЕУ

Владата на една од последните седници ја разгледала информацијата за отпочнување на постапка за јавна набавка за услуги за подготовка на националната верзија на Правото на ЕУ – Писмен превод на ЕУ акти, национални акти, други документи од важност за процесот на европска интеграција и писмен превод на други материјали за потребите на Секретаријатот за европски прашања, со склучување на Рамковна спогодба за период од три години, заради квалитетна подготовка на националната верзија на правото на ЕУ (acquis).

При тоа, Владата дала согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредните 2020 и 2021 година на Секретаријатот за европски прашања за јавна набавка за услуги за подготовка на националната верзија на Правото на ЕУ – Писмен превод на ЕУ акти, национални акти, други документи од важност за процесот на европска интеграција и писмен превод на други материјали за потребите на Секретаријатот за европски прашања, со склучување на Рамковна спогодба за период од три години, заради квалитетна подготовка на националната верзија на правото на ЕУ (acquis), во вкупна вредност од 47.457.628 денари без ДДВ или околу 771.000 евра.

Од вкупната сума, 13.559.322 денари се предвидени за 2019 година, 16.949.153 денари во 2020 година и 16.949.153 денари во 2021 година.

„Се задолжува Секретаријатот за европски прашања за текот и прогресот на активностите во врска со ова прашање да ја информира Владата на секои шест месеци, се до конечна реализација на набавката“, пишува во заклучокот на Владата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …