Ќе се уредува просторот околу Крушевско езеро и ќе се изработуваат урбанистички планови за селата

Ќе се уредува просторот околу Крушевско езеро и ќе се изработуваат урбанистички планови за селата

Со средства од Агенцијата на поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе се уредуваат зоната околу Крушевско езеро и ќе се изработат урбанистички планови за населените места.

„Проектот за линиска инфраструктура, изградба и уредување на патна инфраструктура во локалитетот Крушевско езеро“, ќе опфати асфалтирање на патот кој води до езерото и спортскиот комплекс во близина на месноста „Гумење“, со цел подобро сообраќајно поврзување, но и безбедна патна инфраструктура. Преку проектот, Крушево ќе добие уредена средина околу спортските терени, безбеден пристап до езерото и доизградба на хотелската зона околу Крушевско Езеро. Исто така, со средствата обезбедени од Агенцијата ќе се изработат урбанистички планови за населените места, кои ќе овозможат сеопфатен инфраструктурен развој на селата, како и легализација на објекти, издавање на одобренија за градење, ќе се овозможи изградба на игралишта, паркови и слични содржини“, вели градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Градоначалникот го изрази задоволство за добиените средства за овој проект и порача дека Крушево се реконструира од неколку аспекти и страни.

„Имаме силна поддршка од централната власт и благодарение на таа поддршка аплицираме и реализираме многу проекти. Асфалтирањето во близина на месноста „Гумење“ се’ до спортскиот комплекс, Крушевско езеро и хотелската зона околу езерото, ќе придонесе за поубав изглед, достапност за граѓаните и туристи и остварување на нашите заложби за поубава општина. Продолжуваме со работа на многу инфраструктурни проекти во градот и населените места.“, изјави градоначалникот Христоски.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …