Ќе соработуваат студентите и младите инженери

Ќе соработуваат студентите и младите инженери

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка.

Голема чест претставува почетокот на една голема и значајна соработка, воедно една од најзначајните во целото постоење на БЕСТ Скопје како организација. Потпишувањето на овој меморандум ќе ги поврзе квалификуваните инженерски кадри со нивните наследници – младите студенти, идни инженери. Покрај тоа, со меморандумот се стремиме кон поголема вклученост на студентите на настани на кои ќе можат да го кажат својот став или прогресивна идеја за актуелното образование, да воспостават контакт со искусни инженери и најважно од сé, да се надградат себеси. Се надевам на успешна соработка со Инженерската Институција на Македонија и големи успеси  во иднина за двете организации“, вели Марија Хорват од БЕСТ Скопје.

И за претседателот на ИМИ, меморандумот ќе овозможи заеднички активности и простор за искажување на потребите на младите инженери – студенти.

“Меморандумот за соработка помеѓу ќе овожможи да се воспостават заеднички активности за искажување на потребите на младите инженери – студенти за градење на успешна кариера. Со оглед на големиот одлив на овие кадри, очекуваме дека ќе бидеме нивниот глас за подобрување на условите за образование и нивното понатамошно усовршување преку дијалог со релевантните институции. БЕСТ Скопје е организација во која членуваат прогресивни студенти од сите струки и дејствуваат на национално и на меѓународно ниво. Оваа соработката ќе помогне Инженерската институција на Македонија да ја етаблира организацијата на Млади инженери, нејзините цели и задачи, која што само пред една недела во Малта се стекна со рамноправно членство во Европската ферерација на млади инженери”, потврдува професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија.

Меморандумот за соработка е резултат на стратешката соработка помеѓу европските организации во кои членуваат  – Европската федерација на инженерски асоцијации и Бордот на Европски Студенти по Технологија-БЕСТ.

БЕСТ, Борд на Европски Студенти по Технологија, е интернационална непрофитна и неполитичка студентска организација, организирана и водена целосно од студенти. БЕСТ ги поврзува студентите од 96 технички универзитети во 33 земји во мрежа која е одржувана преку голем број заеднички проекти, интереси и пријателства. Како резултат од потребата за поголема размена на студенти, запознавање и соработка на домашните студенти со колеги од други универзитети и воспоставување понатамошно образование во нивните студии беше создаден Бордот на Европски Студенти по Технологија – Скопје. БЕСТ, на студентите им овозможува да го надградат своето знаење, преку организирање на курсеви, технички натпревари, едукативни симпозиуми, тренинзи и размени на студенти. БЕСТ Скопје покажува стремеж за проширување во пазарот на трудот со организирање на саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

Прочитајте повеќе

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

Проценките се дека брза пруга би чинела до 2,5 милијарди евра, а за да биде …