Кичево одржани третото и четвртото авто-слалом TSD натпреварување со историски возила

Во Кичево одржани третото и четвртото авто-слалом TSD натпреварување со историски возила

Во рамки на календарот на Националната федерација на историски возила на Македонија, викендов (8 и 9 ноември 2025 година) се одржаа третото и четвртото TSD авто-слалом натпреварување со јангтајмери – Кичево 3 и Кичево 4, дел од државниот шампионат во автомобилизам за оваа сезона.

По подолга пауза, автодромот во западниот дел на земјата повторно оживеа со звукот на мотори и мирисот на бензин, а на стартот се најдоа околу 40 натпреварувачи од различни ОТК клубови. Возачите се натпреваруваа според кубикажа, од класа 1 (до 1200 cm³) до класа 4 (тркачки возила).

И покрај неповолните временски услови, публиката остана до крај, бодрејќи ги возачите во секој круг. Натпреварувањата беа отворени од градоначалникот Александар Јовановски и претседателот на Федерацијата Мојсије Милосавлевски, кои најавија иницијатива за обнова и современа употреба на автодромот.

Овие TSD натпреварувања (Test of Speed and Distance) се карактеризираат со тоа што прецизноста и навременото возење се поважни од брзината – просечната брзина изнесува околу 50 km/h, а резултатот зависи од точноста на возачите при изминатата дистанца.

Резултати – Кичево 3 (08.11.2025):
Класа 1: Александар Марковски (Пежо 205, ОТК Скопје)
Класа 2: Мојсије Милосавлевски (Даихатсу Шараде, ОТК Скопје)
Класа 3: Кире Ставров (Фијат Пунто, ОТК Класика Прилеп)
Класа 4: Влатко Костовски (Опел Астра, ОТК Скопје)

Резултати – Кичево 4 (09.11.2025):
Класа 1: Александар Марковски (Пежо 205, ОТК Скопје)
Класа 2: Мојсије Милосавлевски (Даихатсу Шараде, ОТК Скопје)
Класа 3: Бојан Сидороски (Голф 2, ОТК Скопје)
Класа 4: Влатко Костовски (Опел Астра, ОТК Скопје)

Во екипна конкуренција, ОТК Скопје го освои првото место, следен од ОТК Класика Прилеп и ОТК Мини Класик.

Организаторот ОТК Класика Прилеп, под водство на Божо Димески, доби признание за одлична организација. Поддршка обезбедија локалната самоуправа, МВР, противпожарната служба и Здравствениот дом.

Настанот потсети на златните времиња на македонскиот автомобилизам и ја потврди желбата на љубителите на историски возила да ја зачуваат оваа традиција.

Прочитајте повеќе

Lanica Y HF

Lancia се враќа во светот на рели натпреварите со легендарниот HF

Во возбудлива атмосфера во Balocco, Stellantis го прослави враќањето на Lancia на рели сцената, потег …