Ким Џонг Ун пристигна во Русија

Ким Џонг Ун пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Русија каде што е предвидено да има средба со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

„Има индикации дека приватниот оклопен воз на Ким ја преминал границата со Русија утрово“, соопшти Министерството за одбрана во Сеул.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека средбата на Путин со Ким ќе се одржи на далечниот исток на Русија, објавија руските медиуми. Песков рече дека ќе има средби меѓу двете делегации и разговори во четири очи пред официјалната вечера.

Севернокорејските државни медиуми претходно потврдија дека Ким тргнал за Русија од Пјонгјанг со оклопен воз во неделата попладне.

Кремљ вчера ја потврди планираната средба меѓу Ким и Путин во рускиот град Владивосток на руското крајбрежје на Тихиот Океан.

„Ким „ќе престојува во официјална посета на Русија во наредните денови“ и ќе се сретне со Путин „на покана“ на рускиот лидер“, соопшти Кремљ на официјалната веб-страница.

Тајмс објави дека Ким планира да преговара со Путин за снабдување со оружје. Ким многу ретко ја напушта Северна Кореја, а кога ја напушта, патува со оклопен воз.

Според извештајот на Њујорк Тајмс, посетата треба да се случи на маргините на економскиот форум во Владивосток, на источниот брег на Русија, закажан за 10-13 септември.

По потврдувањето на состанокот, американскиот Стејт департмент соопшти дека Вашингтон го задржува правото да воведе дополнителни санкции за Русија и Северна Кореја со оглед на планираните разговори за испорака на оружје.

„Секое пренесување на оружје од Северна Кореја во Русија би било кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН. Фактот дека Русија мора да ја моли Северна Кореја за воена поддршка зборува за ефективноста на нашите санкции и нашите контроли на извозот, дека им е ускратено оружјето што им е потребно и суровините што им се потребни за да ја одржат оваа војна“, изјави вчера портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Ким беше само еднаш во Русија, кога го посети Владивосток во април 2019 година – исто така со својот оклопен воз. Тогаш разговорите со Путин беа фокусирани на севернокорејската нуклеарна програма и зајакнувањето на економската соработка.

Прочитајте повеќе

бајден

Бајден на самитот на НАТО излезе со одлучен говор

Американскиот претседател истакна дека алијансата е посилна од кога било и најави нова помош за …