Кинеска донација од 200 заштитни одела за Општина Прилеп

Кинеска донација од 200 заштитни одела за Општина Прилеп

Денеска во Општина Прилеп пристигна донацијата од збратимениот град Дејанг, од кинеската провинција Си Чуан, која се состои од 200 заштитни одела, како поддршка на Народна Република Кина за Република Северна Македонија во справувањето со пандемијата на КОВИД-19.

Во писмото кое градоначалникот на Дејанг, Хе Ли го испрати до својот колега, градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, се истакнува поддршката за граѓаните на Северна Македонија и убеденоста дека брзата акција преземена од Владата и огромните напори направени од локалните власти, ќе придонесат за победа над коронавирусот.

Заблагодарувајќи се на донацијата, градоначалникот Јованоски потенцираше дека заштитните одела, односно скафандерите, ќе бидат од голема важност пред се’ за медицинскиот персонал од здравствените установи во градот.

Истовремено, Јованоски изрази надеж дека после завршувањето на пандемијата, ќе се интензивира соработката помеѓу Прилеп и Дејанг, првенствено на економски план.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …