Киро Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името

Киро Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името

Декласифицирани документи од архивите на американската разузнавачка служба ЦИА откриваат нови информации за дипломатските притисоци со кои се соочувала Македонија во раните години по независноста и за политичката улога на Киро Глигоров.

Документот наведува дека и покрај сериозните економски предизвици во земјата, Глигоров одбил понуда од грчки претставници во износ од 100 милиони долари со услов Македонија да го промени своето име. Тој ги оценил грчките барања како неразумни и истакнал дека државата нема територијални претензии кон соседите.

На регионален план, Глигоров имал многу внимателен однос кон Белград. Иако одржувал комуникација со Белград, тој одбил предлози за создавање нова асоцијација со остатокот од Југославија, во која доминирала Србија.

ЦИА во анализите посочува и на сериозните внатрешни предизвици во земјата, особено во однос на одржувањето на стабилноста меѓу етничките заедници и политичките партии. Според документите, авторитетот на Глигоров бил значаен фактор за одржување на тогашната владина коалиција.

Во извештаите се наведува и дека македонскиот претседател паралелно работел на зајакнување на односите со држави од регионот како Бугарија и Турција, додека од западните земји, меѓу кои САД, Велика Британија и Франција, барал политичка поддршка за стабилноста на државата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела …