охис

Ќе се чистат локации загадени со жива, се почнува од ОХИС

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе започне со изработка на Стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива. Активностите од документот практично ќе се применат во погоните со жива на поранешниот гигант ОХИС, како пилот-локација.

Како што информира министерот Насер Нуредини, Канцеларијата за POPs ќе работи на Национален имплементационен план за редукција и елиминација на жива, на почеток на пилот-локацијата, а потоа и во целата држава. Земјава е дел од Минамата конвенцијата за жива, чии цели се да се минимизираат штетните ефекти на живата врз животната средина и здравјето на луѓето, како во национални и регионални, така и во глобални рамки.

„Имајќи го предвид мултисекторскиот аспект на примената и присуството на живата во сите сфери на човековото живеење како индустрија, здравство, економија, финансии,  земјоделство, наука, невладин сектор, соработката помеѓу сите релевантни чинители во земјата е клучна и треба да придонесе кон успешно реализирање на предвидените активности на проектот“, се вели во соопштението од Министерството.

Стратегија ќе се работи со финансиска поддршка од Фондот на специфичната меѓународна програма на Минамата конвенцијата во рамките на Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП).

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставниот суд денеска треба на седница да се произнесе за иницијативите за оценување на уставноста …