обвинителство

Ќерка со психички растројства обвинета за обид за убиство на мајката

Обвинетата на 10 септември годинава, во семејниот дом во Кавадарци, при вршење на семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка со која живееле во иста куќа

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение за убиство во обид, сторено во услови на битно намалена пресметливост, соопштија од Јавното обвинителство.

Обвинетата на 10 септември годинава, во семејниот дом во Кавадарци, при вршење на семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка со која живееле во иста куќа.

Додека жртвата спиела, обвинетата со чекан ја удрила повеќе пати во главата, со што ѝ нанела тешки телесни повреди, по што чеканот го фрлила во дворот на куќата и не го довршила делото.

Од Јавното обвинителство велат дека, согласно извршените вештачења, утврдено било дека обидот за убиство обвинетата го сторила во услови на битно намалена пресметливост предизвикана од психички растројства, повеќестепена употреба на лекови и психоактивни супстанции.

„Бидејќи сè уште постојат законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата“, велат од Јавното обвинителство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција сообраќајка

Државјанин на Турција, осуден на 23 години затвор, уапсен во Скопје

А.С. (44) од Анкара, Турција, бил осуден за измама и навлегување во компјутерски систем Државјанин …