Клучни проекти од платформата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“

Соопштение за јавност од Општина Аеродром:

Општина Аеродром неодамна ја промовираше во јавноста четиригодишната стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Платформата опфаќа дваесетина европски развојни проекти за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од Општина Аеродром, меѓу кои:

  1. Нула цврст отпад за заштита на животна средина „CleanAirDrom“.
  2. Воведување нова европска, системски базирана методологија за одржување хигиена, управување и селекција на отпад со непосредна и интерактивна соработка со жителите на општината.
  3. Простори за одлагање кабаст отпад.
  4. Диверзифицирана понуда на енергетска ефикасност до станбените заедници, која би се реализирала како форма на ЈПП за креирање „Енергетски задруги“ во рамките на Општина Аеродром.
  5. Селекција и компостирање органски отпад.
  6. Промоција на нова општинска зграда во 3Д-презентација.
  7. Ревизија и хармонизација на процесот на легализација со цел забрзување на решавањето на предметите.
  8. Функционални урбани заедници.
  9. Формирање ЈП за управување со развојни проекти на Општина Аеродром.
  10. Креирање енергетски задруги.
  11. Велодром „Кружен тек – Аеродром“ во соработка со МЖ – Инфраструктура, а поддржан и кофинансиран од Холандска/Данска амбасада.
  12. Проекти за поквалитетен начин на живот преку членство во Советот на Европа за единиците на локалната самоуправа.
  13. Спортот го зближува Аеродром – интензивирање на интернационалната меѓуопштинска соработка со општини што несебично го поддржуваат спортот, и тоа во соработка со КК МЗТ по патот на АБА-лигата, Бешикташ – најспортска градска општина на Истанбул, Букурешт – домаќин на Европското фудбалско првенство каде што за првпат ќе настапува македонската селекција и други.
  14. Спортско ТВ-шоу „Тројка за МЗТ“.
  15. Изработка на семејна апликативна картичка „FamilyAerodrom“ наменета за сите жители на општината (по една на домаќинство), односно понуда на низа поволности, можности и вклученост (мобилност) во проектите на самата општина.
  16. Ревизорска интегрирана политика и практика во соработка со Ревизорското тело и со Државната комисија за спречување корупција.
  17. Интерактивни училишта како пилот-проекти на основните училишта во Аеродром, кои вклучуваат инсталирање смарт-табли и лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште, настава за интелектуално надарени ученици“ (приспособена наставна програма од приватни странски училишта) и други.
  18. Зголемен рурален развој преку основање Зона за рурален развој во Лисиче, прва од таков тип во нашата држава.
  19. Канцеларија за поддршка на локални акциски групи (ЛАГ – Инкубатор за рурален развој преку промоција на Земјоделска задруга „Лисиче“, легализација на локален рибник, воспоставување „систем (мрежа) на урбани фарми“ и други.
  20. Консултантска и логистичка помош за ИПАРД-проекти.
  21. Прв национален професионален голф-терен во директна соработка со Голф-федерацијата на Македонија и бизнис-заедницата, а кој воедно би бил поддржан и од европскиот фонд ИПАРД 3 за развој на руралниот туризам.

Стратегиската платформа ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Ова ќе го направиме заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, заедно со Делегацијата на ЕУ, ќе ја зајакнеме соработката со невладиниот сектор, со меѓународни асоцијации и здруженија, со медиумите, со институциите и пред сè со граѓаните. Ќе ја искористиме целата поддршка што ни е достапна за овозможување подобар квалитет на живеење во нашата општина. Подобар квалитет на живот за сите наши жители!

Прочитајте повеќе

воз возови

Нова помош од 2,5 милиони евра за Македонски железници за исплата на плати

Ова е втора одлука за доделување средства на МЖ Транспорт за да си ги расчисти …