Клус: Промената на границите во регионот е опасна идеја, разговорите за духовите од историјата да се тргнат од маса

Клус: Промената на границите во регионот е опасна идеја, разговорите за духовите од историјата да се тргнат од маса

Заменик-министерот за надворешни работи на Словачка, Мартин Клус, вели дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите со Европската унија заедно, бидејќи така е полесно за двете држави.

„Ако двете земји ги започнат преговорите заеднички, ќе можеме побрзо да ги донесеме и Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Тоа е стратешка цел на Словачка. Така е полесно и за двете земји, а и за нас, бидејќи полесно ќе можеме да ги споделуваме искуствата, дури оние што ги има Словачка, што секако не се само позитивни“, одговори Клус на новинарско прашање на денешното предавање на четири респиратори за Клиниката за детски болести, кои се подарени од Словачка.

Во врска со нон-пејперите што се појавија последниве недели, Клус рече дека можеби е подобро што не ги знаеме нивните автори, бидејќи тие документи носат опасна идеја за промена на границите во регионот.

„Треба да се фокусираме на позитивната агенда и на процесот на проширување на ЕУ, а не на исторски, јазички или билатерални прашања. Секој обид да се разговара за духовите од историјата, дури и за промена на границите треба да се тргне од маса“, додаде Клаус.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров посочи дека е вистинско време за меѓувладина конференција за нас и за Тирана, бидејќи доколку и годинава доживееме неуспех и не започнеме со преговорите за кои чекаме 20 години, ќе бледнее европската идеја не само кај нас, туку и во регионот.

Тој рече дека португалското претседателство е посветено на изнаоѓање решение, до кое, ако не се дојде, ќе бидеме губитници и ние и Бугарија и Европа. Димитров посочи дека треба да се користи секоја шанса, не чекајќи да се завршуваат избори, бидејќи постојано во некоја од земјите-членки се одржуваат избори.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …